Васоски си поднесе оставка од клупата на Сараево

Македонскиот стратег Александар Васоски си поднесе оставка од клупата на Сараево по денешното реми (1-1) во големата дерби пресметка со Железничар во шампионатот на БиХ.

На прес-конференцијата по дуелот, Васоски соопшти дека поднесува оставка заблагодарувајќи им се на навивачите и сите структури во клубот.

„Размислував да се повлечам уште после претходниот дуел со Борец, но мислев дека ќе ги добиеме Радник и Железничар. Не успеавме во тоа, и тоа е тоа. Чувствувам одговорност, па одлучив да поднесам оставка. Дојдов со најдобри намери во овој клуб, кој е тежок клуб, но секако нанижавме низа од негативни резултати на последните четири натпревари на кои запишавме три порази и едно реми, а јас не сум навикнат на таква негативна низа и ја преземам мојата одговорност. Им благодарам на сите, новинарите, навивачите и сите лица во клубот на кого му посакувам се најдобро во иднина“ – соопшти Васоски.

Се вчитува...