Васоски стартуваше со победа на клупата на Сараево (ВИДЕО)

Македонскиот стратег Александар Васоски стартуваше со победа на клупата на својот нов клуб Сараево на почетокот од пролетниот дел од сезоната во шампионатот на БиХ.

Сараево на гостински терен триумфираше со 0-2 против Леотар, и тоа по два брзи гола уште на самиот старт на дуелот.

Најпрво уште во 1. минута Шуљиќ доведе водство од 0-1, а потоа во 13. минута Багариќ ги постави конечните 0-2.

Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски ги одигра последните десет минути на натпреварот.

Се вчитува...