Васоски стартуваше со победа на клупата на Сараево

Александар Васоски имаше одличен старт на тренерската клупа на Сараево. Денеска екипата на Сараево одигра пријателски натпревар против Љубишки и го доби мечот со 4-0.

Тоа беше прв натпревар на Васоски откако седна на тренерската клупа. Тимот вчера замина во Љубишки на подготовки, а потоа Васоски и неговиот тим ќе заминат во Анталија.

Васоски во текот на зимава од Академија Пандев, ја прифати понудата да го води тимот од БИХ. Тоа за него ќе биде прв интернационален предизвик како тренер.

Се вчитува...