Васоски: Вардар има добар старт во првенството, но се надевам дека ќе бидеме уште подобри

По репрезентативните настапи претстојниов викенд повторно прволигашкиот фудбал на домашната сцена. „Вардарци“, како што вели тренерот Александар Васоски паузата добро ја искористија за поправка на извесните пројавени недостатоци на стартот од шампионатот.

Во првите четири кола Вардар има две победи и две нерешени средби во првенството, и триумф во Купот. Васоски е задоволен од ефектот досега, но вели дека има уште простор за напредок.

„Осум бода од четири натпревари не е лош учинок, иако можевме да имаме уште два бода повеќе. Но, кога ќе се земе во предвид дека од четирите натпревари, три игравме како гости, тогаш оваа бројка е добра. Сега се фокусираме кон следните предизвици кои не очекуваат, и посакувам и се надевам дека ќе бидеме уште подобри, и дека ќе продолжиме да освојуваме бодови“ – вели Васоски за официјалната интернет страница на клубот.

Се вчитува...