Васоски за караницата со Велкоски: „Погреши, но не е исфрлен од клубот“

Една од темите во фудбалските кругови во БИХ оваа недела беше оддалечувањето на Крсте Велкоски од тимот на Сараево. Македонскиот напаѓач поради недисциплина беше отстранет од тимот, и ќе тренира индивидуално.

Велкоски на полувремето против Борац, наводно му замерил на Васоски за неговото повлекување од игра, со што стручниот штаб заедно со раководството одлучија голгетерот да не биде во комбинација за првиот тим.

Тренерот Васоски првпат проговори за случката, и кажа дека Велкоски и натаму е дел од тимот, и се надева дека повторно ќе биде во комбинација.

„Цела недела зборувавме за дисциплината. Крсте погреши, јас го оддалечив од екипата поради однесувањето, но не е исфрлен од клубот. Прв му честитав кога влезе во 10 најдобри стрелци во историјата на клубот, но правилата за сите се исти. Оддалечен е од екипата, но не е исфрлен од клубот. Мислам дека повторно ќе биде со нас и ќе конкурира за настап“, посочи Васоски.

Се вчитува...