Ватфорд во финишот ги испука „топчиите“

Ватфорд со пресврт во второто полувреме успеа да стигне до изненадувачки триумф над Арсенал од 2-1. Пер Мертесакер во 39.минута донесе предност за тимот на Арсен Венгер, но одбраната попушти во вториот дел.

Трој Дини од пенал го израмни резултатот во 71.минута, а Том Клеверли во судиското продолжение донесе триумф за Ватфорд. Овој тим по осум кола има изненадувачки успешен старт и веќе собра 15 бода на табелата во Премиер – лигата.

Се вчитува...