Вацке по трансферот на Халанд: Не можеме да се бориме со олигарсите од арапските земји

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке за германските медиуми ја даде првата изјава после трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити.

Вацке кажа дека Борусија Дортмунд нема сила да се бори со богатите сопственици на големите клубови, и со тоа да ги спречи нивните играчи да прават големи трансфери.

„Кога играчите играат добро, треба да се бориме со големи клубови со олигарси и арапските земји кои стојат за нив. Ние не можеме да ја добиеме таа битка, но можеме да се бориме за нашите играчи кои сакаат да играат за нашиот клуб, како што е на пример Џуд Белингем“, рече Вацке.

Денеска Манчестер Сити објави дека го комплетирала трансферот на Халанд, а Борусија ќе добие 75 милиони евра. Веднаш беше купен Карим Адејеми за 38 милиони.

Се вчитува...