Вавринка го пропушта Ролан Гарос

Швајцарецот Стен Вавринка нема да игра на годинашното издание на Ролан Гарос. Швајцарецот ги прескокна турнирите во Мадрид и Рим откако годинава имаше операција на стапалото на левата нога и не стигна да се опорави за турниот во главниот град на Франција.

Вавринка е освојувач на три грен-слем титули, а една ја освои токму на Ролан Гарос. Во финалето во 2015 година беше подобар од Новак Ѓоковиќ.

 

Се вчитува...