Вавринка подобар од Мареј, прв финалист на Ролан Гарос

Станислас Вавринка е првиот финалист на Ролан Гарос откако во првиот полуфинален меч славеше против Енди Мареј во пет сета, со 7-6,3-6,7-5,6-7,1-6.

Во 18-от меч меѓу Британецот и Швајцарецот, Вавринка стигна и до осмата своја победа против Мареј, реванширајќи му се за минатогодишниот пораз, исто така во битката за финале.

Вавринка во финалето во Париз ќе игра против подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Рафаел Надал и Доминик Тим, кој во четвртфиналето го елиминираше Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...