Важен потпис во Челси

Челси успеа да обезбеди важен потпис за иднината потпишувајќи нов договор со Моисес Коиседо, кој ќе остане на „Стемфорд бриџ“ до јуни 2033 година.

Каиседо е член на лондонскиот клуб од 2023 година, кога пристигна во Брајтон за сума од 100 милиони фунти, што во тоа време беше рекорд за најскап трансфер во историјата на Премиер-лигаа.

„Сините“ повторно имаат проблеми со осцилација во формата, менувајќи го тренерот среде сезона, но управата настојува да ги задржи барем клучните играчи во тимот. Од преговорите со најголемите „ѕвезди“, први завршија оние со Каиседо, кој ги прифати понудените услови, значително зголемување на платата за потпис до 2033 година.

За разлика од Каиседо, капитенот Енцо Фернандез одбива да потпише нов договор, па големи се шансите дека Аргентинецот летово ќе си замине од клубот, особено откако Реал Мадрид најави дека ќе тргне во офанзива за потписот на овој фудбалер.

Се вчитува...