Важна лекција од Федерер за Роналдо

Најуспешниот тенисер на денешницата, Роџер Федерер имал влијание во развојот на кариерата на Кристијано Роналдо. За ова сведочи, холандскиот тренер, Рене Молестин кој беше дел од стручниот штаб на Алекс Фергусон во периодот кога португалецот беше на „Олд Трафорд“. Тој раскажува дека Роналдо се воодушевувал на тоа како Федерер ги контролира емоциите во текот на мечот.

„Му дадов совет да игра како Федерер и да ја преземе контролата над емоциите. Ако противникот види дека не реагираш на грешките, губи самодоверба. Му пуштав снимки од мечеви на Федерер без да знае за кој турнир се работи или против кого игра Швајцарецот. Ги извојувавме важните моменти од мечевите, а поентата беше да види дека без разлика на големитата на турнирот или на квалитетот на ривалот, Федерер ги даваше најдобрите партии“ – објаснува Молестин.

Холанѓанецот вели дека до ваквото решение дошле откако Роналдо често се жалел на своите грешки. Кога го согледал однесувањето на Федере, почнал да ја применува неговата тактика.

Се вчитува...