Важна победа на Томовски и Лудвигсхафен во борбата за опстанок

Мартин Томовски и Лудвигсхафен остварија важна победа во борбата за опстанок откако го совладаа фенерџијата Кобург со 22-19.

Одличното прво полувреме во кое нашиот голман на противникот му дозволи само шест гола беше доволно за триумф во овој меч. На крајот Томовски заврши со пет интервенции.

Жарко Пешевски и неговиот Штутгарт загубија на гостински терен кај Кил со 33-28. Нашиот интернационалец натпреварот го заврши со три постигнати гола.

Се вчитува...