Важна победа за Халеп во првото коло на УС Опен

Симона Халеп се пласираше во второто коло на УС Опен, откако ја совлада Камила Џорџи со 6-4, 7-6 (7-3). Романката ги пропушти последните два слема поради повреда на листот, поради што по еден натпревар се повлече и од Синсинати, но сега забележа важна победа.

Ова беше особено значаен натпревар, бидејќи ждрепката беше многу тешка, а Џорџи неодамна го освои Роџерс купот, но Романката одигра солиден натпревар и заслужено славеше.

Првиот сет беше тежок, но Камила направи неколку грешки при 4-4, вклучувајќи и дабл, а Халеп направи брејк, а потоа рутински сервираше за водство. Вториот сет беше подраматичен, а Симона двапати не успеа да сервира за освојвуање на сетот, иако имаше и две меч топки при 6-5. Сепак, таа остана собрана и дојде до победата. Халеп одлично сервираше при 3-3, а потоа Камила уфрли две топки во мрежата, по што Романката ја искористи шансата за нова меч топка и за конечен триумф.

 

 

 

Се вчитува...