Одбојкарките на Струмица жени по два порази во низа запишаа важна победа на гостувањето во Битола, кај Пелистер Волеј, 3-1, во шестото коло од Првата лига жени. Во натпреварот со многу пресврти кај струмичанки пресуди прволигашкото искуство кое им донесе можеби клучни гостински три бода во плеј-оф трката.
Девојките на Вардар ЕМ, исто така, стигнаа до победа која може да биде значајна за нив, со победата од 3-1 над градскиот ривал Фит Фан Волеј. Со овој триумф „црвено-црните“ влегоа во победничка низа во најсилното домашно женско друштво.
Лидерот Работнички Скопје и Наковски Волеј, кој со еден бод е зад него на табелата, држат позитивен ритам од самиот старт на сезоната и досега се непоразени во првенството. Токму поради тоа и нивниот меѓусебен дуел следната недела ќе биде во центарот на вниманието. Последниот натпревар од шестото коло кај дамите, кое носи епитет дерби ќе се игра во понеделник во СЦ „Форца“ кога се соочуваат Газели Волеј и Јанта Волеј КВ.
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ 6. КОЛО
УСКАНА – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 0-3 (17-25, 14-25, 12-25)
ВАРДАР ЕМ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 3-1 (25-13, 21-25, 25-16, 25-23)
ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – СТРУМИЦА ЖЕНИ 1-3 (21-25, 23-25, 25-22, 12-25)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД 3-0 (25-20, 25-18, 25-14)
ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 17.11.2025 20.30ч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

