Екипата на ВБА го официјализираше трансферот на бекот на Арсенал, Киран Гибс. Англичанецот пристигна за сума од 7 милиону фунти, а потпиша четиригодишен договор со клубот.
Поранешниот репрезентативец на Англија го напушти Арсенал откако комплетно ја загуби довербата кај Арсен Венгер. Францускиот стратег долго време не сметаше на неговите услуги, Гибс го загуби и местото во националниот токму поради фактот дека не настапуваше редовно за „топчиите“. За тимот од северн Лондон одигра 229 натпревари, зад своето име запиша 25 асистенции и шест погодоци.
„Прекрано беше чувството да се игра за мојот клуб од детството. Најблагодарен сум на Арсен Венгер, кој ми даде шанса да ја започнам кариерата тука и да ги остварам моите соништа. Благодарам за поддршката од фановите во текот на сите овие години поминати заедно, но сметам дека ова беше вистински момент за нов почеток во мојата кариера. Со нетрпение чекам да заиграм со новите соиграчи и да го облечам дресот на Вест Бромвич“, истакна Гибс.
Менаџерот на ВБА, Тони Пјулис очекува да добие уште едно засилување до крајот на трансфер периодот. Според информациите од островот, клубот е блиску го склучување договор со фудбалерот на ПСж, Гжегож Кричовјак, кој треба да пристигне на едногодишна поцајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА