Еден од најдобрите фудбалери на Шкендија изминатава сезона, Роналдо Вебстер и официјално го напушти тетовскиот клуб, засилувајќи ги редовите на романскиот прволигаш Универзитатеа Крајова.
Шкендија официјално потврди дека е постигнат договор со Романците за трансфер на Вебстер, кој го напушта тимот на Артим Положани.
Вебстер за Шкендија игра од јули 2024 година кога пристигна од штипска Брегалница, притоа освојувајќи ја шампионската титула во сезоната 2024/25, а беше незаменлив дел од тимот минатава сезона во Лигата на Конференции кога тетовци стигнаа и до 1/16-финалето на ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
