„Вечер на Тони Кукоч“ – Во Сплит сум роден, но Чикаго е мојот дом (ВИДЕО)

Чикаго е еден од тимовите кои ја одбележува новата сезона во НБА лигата. Булс по шест одиграни натпревари имаат само еден пораз, а во изминатата вечер беше совладана Јута со 107-99 благодарение на Демар Дерозан и неговите 32 поени.

Сепак првото име на вечерта не беше расположениот Американец туку поранешниот ас на Чикаго и хрватската кошарка, Тони Кукоч. Во чест на неодамнешниот влез во „Куќата на Славните“, Чикаго приреди „Вечер на Тони Кукоч“ со специјални маици, а и Хрватот одржа говор.

„Добро вечер на сите. Најпрво би сакал да им се заблагодарам на франишизата за шаната која ја добив пред 30 години. Фала на мојата фамилија, на љубовта и поддршката, а на моите соиграчи и тренери сакам да им кажам фала за тоа што ме правивте подобар играч. Многу научив од вас. Но, највеќе би сакал да им се заблагодарам на навивачите. Од првиот ден кога дојдов во овој град ја осетив вашата љубов и поддршка. Сплит е мојот роден град, но Чикаго е мојот дом и тука е моето срце. Ви благодарам за сите прекрасни години, а сега на сите сакам да им посакам добра сезона и многу победи. Напред Булс!“, изјави Кукоч.

Се вчитува...