Вечер со солзи радосници во Струмица: Се врати Адеми, деби голови за Барди и Муслиу… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Убава вечер во Струмица како заокружување на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија.

Македонија резултатски можеби со пласманот на табелата не го реализираше посакуваното, пред се поради бодовното салдо од првите пет средби, но со последните четири натпревари во циклусот веројатно најави далеку подобри денови за сениорскиот репрезентативен фудбал.

Струмица ќе остане запаметена и по враќањето на фудбалските терени на Аријан Адеми кој максимално емотивно со солзи радосници го прослави и со деби гол…. Деби гол и за Енис Барди, деби гол и за Висар Муслиу, деби во националниот дрес и за струмичанецот Љупчо Дориев, потврда на „Младост“ како одличен домаќин на репрезентативците, молби и за Горан Пандев во следниот циклус да остане во црвено-жолтиот дрес… Сето тоа веројатно за помирна фудбалска зима, и добра подготовка за тоа што не чека во следниот квалификациски циклус…

[new_royalslider id=”808″]

Се вчитува...