Вечниот Милнер – Првиот меч го одигра кога се појави „САРС“, а во време на „Ковид“ го одигра „800“ натпревар

Ливерпул ќе има одлична предност пред реваншот на домашен терен во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва славеше со 0-2 на гостувањето на „Џузепе Меаца“ кај Интер.

Иако домаќините одиграа одлично во поголемиот дел од мечот, сепак нивната концентрација падна во последните 15 минути кога „црвените“ ги решија сите дилеми околу победникот. Прво Фирмино во 75. донесе водство од 0-1, додека конечните 0-2 осум минути подоцна ги постави Мохамед Салах.

Џејмс Милнер на овој меч го запиша својот 800 настап во кариерата, а прецизните статистичари стигнаа до еден феноменален податок. Тој првиот професионален меч во дресот на Лидс во 2002 година го одиграл во времето кога се појави „САРС“, а денеска во ерата на „Ковид“ го запиша својот 800 настап.

 

Се вчитува...