Вечните во битка за полуфинале во Купот на Македонија

Вечното македонско фудбалско дерби меѓу Пелистер и Вардар ќе го даде последниот патник во полуфиналето од Купот на Македонија. Натпреварот кој требаше да се игра на 1. декември, а поради обилните врнежи на снег беше одложен, својот крај ќе го има денеска.

И двата тима не можат да се пофалат сезонава бидејќи го загубија реномето кое го бранеа долги години. Вардар во моментов е на третата позиција во Втората фудбалска лига запад, додека Пелистер е зацементиран на дното на прволигашката табела.

Мечот „Под Тумбе кафе“ за еден од двата ривала ќе биде спас на есенскиот дел од сезоната, додека за другиот ќе биде продолжување на „летаргијата“ во која се наоѓа.

Натпреварот во Битола кој ќе се игра „Под Тумбе кафе“ е закажан за во 13 часот.

Се вчитува...