Веднаш проблеми: Радески, Чурлинов и Етеми отпаднаа за Италија и Малта

Благоја Милевски го соопшти списокот за натпреварите со Италија и со Малта во квалификациите за ЕП 2024 година.

Веднаш се соочи со три откази од страна на Радески, Чурлинов и Етеми.

„Што се однесува до списокот, не случајно е малку поширок, од кои тројца нема да бидат со нас од кои Марјан Радески, Дарко Чурлинов и Валон Етеми. Радески има восполание, Чурлинов не доби дозвола од лекарскиот тим, додека Валон Етеми се пожали на старата повреда што ја имаше, но за него уште немаме официјална потврда од клубот. Имаме двајца дебитанти, Иљазовски и Митровски. Митровски со своите игри се наметнува и ќе биде со нас. Иљазовски долго време не ни беше познат, посебно во тие млади категории, но дечкото во своите последни 4-5 години има забележителна улога во својот клуб“, вели селекторот Благоја Милевски.

Се вчитува...