Веднаш реакција од ПСЖ: Во Париз доаѓа елитен голгетер

По веста дека Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели најверојатно во Реал Мадрид, тимот од Париз веќе почна со барањето на замена, односно ангажман на елитен голгетер кој ќе го замени Французинот.

Најверојатно кон Париз ќе се упати Виктор Осимен, играчот на Наполи кој ќе го чини ПСЖ над 100 милиони евра. Но, парите не се проблем за ПСЖ, и покрај тоа што Мбапе ќе си замине како слободен агент, односно парижаните нема ништо да заработат од својата прва „ѕвезда“.

Осимен веќе некој период се поврзува со големите европски клубови, меѓутоа сега е шансата да го замени Мбапе во ПСЖ.

Се вчитува...