Ведрана Тунески со стил до злато на „Сараево Опен“

Македонските репрезентативци во таеквондо продолжуваат со одлични резултати, како што тоа беше случај соо настапот на Ведрана Тунески на Г1 турнирот „Сараево Опен“ што се одржуваше во изминатите денови во главниот град на Сараево.

Македонката се натпреваруваше во категоријата до 51 килограм во кадетска конкуренција, со четири победи стигнувајќи до златниот медал.

Таа како прв носител беше слободна во првото коло, а потоа со максимални 2-0 ги доби сите четири борби што ги имаше. Ведрана прво беше подобра од Турчинката Догру, во вториот славеше над Русинката Ткачева, полуфиналето мина во доминација во однос на Сивиќ од БиХ, за нашата репрезентативка во големото финале да слави со 2-0 над Ксенија Гушева од Русија, која два дена претходно стана европски клупски шампион во истата категорија.

Се вчитува...