Вејд ќе биде продуцент на документарец за „Тимот од соништата“ од игрите во Пекинг

Легендарниот НБА кошаркар Двејн Вејд објави дека ќе биде продуцент на документарен филм за американскиот „Тим од соништата“ од 2008 година кој на убедлив начин се закити со златниот медал на Летните олимписки игри во Пекинг.

Американците без големи проблеми стигнаа до златниот медал кој им беше одземен од Аргентина четири години претходно во Атина, а дел од овој тим кој се смета за втор најдобар во историјата по тој во 1992 беа Коби Брајант, Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Кармело Ентони, Крис Бош, Крис Пол, Двајт Хауард, Џејсон Кид, Дерон Вилијамс, Тајшон Принс, Карлос Бузер и Мајкл Рид.

 

Се вчитува...