Вејд се уште не донел дефинитивна одлука, но јасно е дека Мајами е негова желба!

Искусниот Двејн Вејд веќе нема дилеми каде ќе ја продолжи својата кариера. Се уште нема дефинитивна одлука, но сосема е извесно дека изборот не е голем.

Тој од 2003 до 2016 година настапуваше за Мајами по што замина во родниот Чикаго. Но, по само една сезона ги напушти Булси и се приклучи на својот пријател Леброн Џејмс во Кливленд.

„Секогаш зборував, кога се вратив во Мајами, тоа беше тоа за мене. Реков веќе во првото интервју дека не сакам да пакувам торби и да заминам некаде. Моето семејство е тука, децата ми растат, така да ако следните години не би го носел дресот на Мајами, ќе го носам под дуксот или јакната“ – јасен е Вејд, навестувајќи веќе каде би ја продолжил НБА кариерата.

Но, согласно НБА регулативата, Мајами за Вејд може да понуди само две опции – ветерански договор најмалку од 2,4 милиони долари за следната сезона или 5,3 милиони долари како даночен исклучок на средно ниво.

Вејд сега има 36 години но и 15 години искуство кое секако би било од голема корист за Мајами.

Се вчитува...