Вејд стравува од европјаните: Ќе биде тешко да освоиме злато на ЛОИ во 2028 година

„Одмазници“ на Соединетите американски држави ја потврдија фаворитската улога и го освоија кошаркарското злато на Летнтие олимписки игри во Париз, но стравуваа за место во самото финале со оглед на фантастичната игра на Србија во полуфиналниот меч, натпревар во кој Србите имаа предност и од 17 поени во еден момент.

Ветераните Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент сепак успеаја да направат целосен пресврт и да се пласираат во големото финале, а таму и да слават над Франција. Сепак овие тројца се очекува да не бидат дел од репрезентацијата на следните Летни олимписки игри кои во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес, а во отсуство на едни од најдобрите кошаркари во историјата и со оглед на квалитетот на останатиот дел од светот, Двејн Вејд стравува дека САД повеќе нема да биде велесила.

„Играта расте низ целиот свет. Се е откриено, секој има шанса, не е веќе како во минатото. Не можеш ништо да скриеш. Гледајќи ја Србија која ја освои бронзата, гледајќи ги Франција, Германија и Канада. Сите тие ќе се вратат за четири години. Голем број на НБА кошаркари настапија на Игрите, а бројката ќе се зголеми во следните четири години. Нема да биде лесно да ја продолжиме доминацијата“, вели легендата на Мајами Хит.

Се вчитува...