Вејн Руни пред сензационално враќање во Евертон

Вејн Руни се враќа во Евертон по цели 13 години. Мурињо не го повика за турнејата во САД, а ангажманот треба да се официјализира до крајот на неделата. Доаѓа како слободен играч, а ќе биде играч на Евертон најмалку две години. Манчестер се согласи да покрива дел од платата на Руни, а во клубот од Ливерпул ќе заработува 150.000 фунти неделно.

31-годишниот напаѓач ги напушти „карамелите“ во 2004 година, на 18 годишна возраст пристигна во Јунајтед како голем талент на кој му беше предвидена богата кариера. Руни на „Олд трафорд“ не само што ги оправда сите очекувања, туку и ќе се памети како легенда на најтрофејниот клуб во Англија.

Во 13 годишниот престој во Јунајтед Руни освои 16 трофеи, од кои пет се титули во Премиер лигата. За „ѓаволите“ даде 253 гола, што го прави најдобриот голгетер во историјата на Јунајтед.

 

Се вчитува...