Вејн Руни стави крај на репрезентативната кариера

Вејн Руни се повлече од англиската репрезентација. Поранешниот капитен на националниот тим и покрај тоа што беше повикан од селекторот Герет Саутгејт за следните натпревари на Англија, одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.

Руни е рекордер на „Гордиот албион“ со 53 погодоци, додека со 119 настапи е вториот фудбалер кој најмногу го носел дресот на Англија, покрај некогашниот голман Питер Шилтон. Исто така може да се пофали како најмлад фудбалер кој постигнал гол за Англија, со 17 години и 317 дена, против репрезентацијата на Македонија во 2004 година.

„Ме радува што Герет Саутгејт одлучи да ме повика назад во тимот за следните натпревари, навистина го ценам тоа. Но, за повлекување од репрезентацијата размислував подолго време, па му кажав на селекторот дека ова е најдобро време да се повлечам. Тешк беше да се донесе одлуката, но покрај мене беше моето семејство, како и Роналд Куман кои ми пружија помош и ме поддржуваа за секоја одлука. Да се игра за Англија е чест и гордост. Секогаш кога ќе бев избран за првата постава или ќе ја имав должноста да ја носам капитенската лента, беше привилегија за мене. Им благодарам на сите соиграчи и фановите за убавите моменти“, изјави Руни за спортската прес асоцијација.

Се вчитува...