Вејн Руни: Во Јунајтед сега сите се среќни, Мурињо не го сакаа ниту готвачките…

По бројните приказни, драми и шпекулации, Жозе Мурињо доби отказ во Манчестер јунајтед а неговата замена Оле Гунар Солксјер на најдобар можен начин дебитираше на клупата.

Очигледно е дека фудбалерите се многу посреќни со новиот менаџер. А, колку било лошо во клубот открива и поранешната ѕвезда на „црвените ѓаволи“, Вејн Руни…

„Не беше лоша атмосферата само кај фудбалерите, туку во целиот клуб. Сигурен сум дека сега и Ед Вудворд се чувствува посреќен, и сите тренери, и тетките во кујната, готвачките и луѓето кои работат во логистика на тимот. Солскјер е вистинската личност и сите се среќни со него. А не е ни чудо што се среќни… Па, за Солскјер се залагаше големиот Сер Алекс Фергусон“ – ги коментира Руни промените во Манчестер јунајтед.

Потпретседателот Ед Вудворд, по отказот за Мурињо се обратил до Фергусон, кој ги договорил Солскјер и помошниот тренер Мајк Фелан, тврди „Сан“. Очигледно, Ферги го спасува клубот и кога не е на клупа!

Се вчитува...