Македонските борачи имаа одличен ден на Медитеранските игри во Таранто, освојувајќи дури три медали за нашата земја.
Фати Вејсели стигна до сребрениот медал во категоријата до 74 килограми, откако во финалната борба беше поразен од албанскиот репрезентативец Ислам Дудаев со 0:4.
До сребро се закити и Реџеп Хајдари во категоријата до 97 килограми. Хајдари во финалето загуби со 0:6 од Гркот Даурен Куруглиев, но и покрај поразот зад себе остави одличен настап на турнирот.
Македонија освои и бронзен медал преку Ахмад Магомедов. Тој во борбата за третото место беше убедлив против Габриелен Николони, совладувајќи го со 10:0 и стигнувајќи до победа со технички туш.
Со овие три одличја, македонското борење повторно се покажа како еден од најуспешните спортови за нашата делегација на Медитеранските игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
