Веќе помината границата на разумност: Икарди му се закани на Интер!

Интер одлучи да се ослободи од Мауро Икарди како проблематичен фудбалер кој не е во плановите на Антонио Конте. Но, очигледно така не мисли и самиот Икарди кој не помислува да замине од клубот иако има можност да се пресели во Јувентус или Наполи.

Дека веќе се надминати границите на разумност говори и последната закана од Икарди кон Интер дека ќе остане до крајот на договорот меѓу „нераѕурите“, односно до јуни 2021 година.

Иако од Интер потенцираат дека заедничка е одлуката Икарди да не патува на азиската турнеа, Аргентинецот за италијанските медиуми вели дека не е баш така.

„Јас не планирам заминување од Интер. Ќе останам тука уште две години, ќе земам плата и нема да мрдам од тука“ – вели Икарди.

Овој став сигурно ќе ги смени плановите на Конте и Интер за негова продажба и доведување на Ромел Лукаку или Един Џеко.

Се вчитува...