„Веќе не постои големата тројка, само еден е голем играч – Новак Ѓоковиќ“

Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата во светскиот тенис откако со вчерашниот триумф над Данил Медведев во Париз стигна до 37. титула на Мастерс-турнирите во кариерата. Србинот ги остави далеку зад себе вечните ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои веќе извесно време не му се достојни противници во директните пресметки.

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас додаде „сол на раните“ на Федерер и Надал истакнувајќи дека Ѓоковиќ  со одличните игри ставил крај на „ерата на големата тројка во светскиот тенис“.

„Голема тројка во светскиот тенис, тоа можеби постоело пред некое време, но веќе не е случај. Веќе не постои голема тројка, туку само еден голем играч – Новак Ѓоковиќ. Тој се уште е убедливо најдобат во светот на тенисот“, изјави Циципас.

Се вчитува...