Арсен Венгер и дефинитивно ја продолжува својата ера во Арсенал, откако францускиот стручњак и официјално потпиша нов договор со „Емирати“. Иако во последните месеци се соочија со огромен притисок од страна на навивачите, „топчиите“ сепак се решија да го задржат стратегот што и во претходната 21 година седеше на клупата на овој клуб.
„Ова не менува ништо кога станува збор за мојата посветеност. Денеска е последниот ден од досегашниот договор, но тоа не менува буквално ништо. Новиот договор нема посебно значење, иако признавам дека поради долгата дебата, можеби требаше порано да ги разрешиме сите дилеми. Горд сум што сум тренер на Арсенал, верувам дека оваа работа ми овозможи да станам и подобар човек, да го извлекувам најдоброто од луѓето. Тоа е апсолутно фантастично“ – истакна Венгер по потписот на својот договор.
Прва задача за францускиот стручњак ќе биде да ги убеди Алексис Санчез и Месут Озил да потпишат нови договори со клубот, бидејќи во спротивно ќе бидат продадени, а ангажманот на нивни достојни замени ќе биде значително отежнат поради фактот дека Арсенал во новата сезона
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА