Веќе се „полнат“ трибините во Германија…. (ФОТО)

Првата од најсилните европски фудбалски лиги, Бундес-лигата стартува на 16. мај. Натпреварите ќе се играат без публика, па Германците, нешто слично како претходно и во Белорусија и во Кина, одлучија на трибините да се најдат „картонски навивачи“.

Борусија Менхенгладбах веќе почна 50.000 седишта да ги пополни со картонски кутии. Секој навивач има можност за 20 евра да купи свое место на трибините на кое ќе биде отштампан неговиот лик како поддршка за својот клуб.

Оваа идеја наиде на одличен одзив кај фановите на тимот од Менхенгладбах па веќе се продадени околу 10.000 места. Сите средства од продажбата на билетите клубот ќе ги донира за борба против коронавирусот.

 

Се вчитува...