Енди Мареј минува низ најтешкиот период во кариерата, откако британскиот ас пред неколку дена беше повторно опериран во обид да се санира незгодната повреда на колкот што ја влече неколку години.
Мареј е принуден да ја заврши предвреме својата кариера, а во овие тешки моменти одлично му дојде поддршката од Стен Вавринка и Дона Векиќ, тениската двојка што му испрати и пригоден подарок – плишана мечка во огромни димензии.
„Голема благодарност до Векиќ и Вавринка за овој подарок. Мечката е огромна, моите деца ќе се тепаат за неа кога ќе дојдам дома“ – напиша Мареј на својот инстаграм-профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА