Велемајсторот Анатолиј Карпов е во кома, со тешки повреди пренесен во болница

Легендарниот шаховски велемајстор Анатолиј Карпов, во тешка ситуација примен е во болница во Москва. Најпрво имаше информација дека бил нападнат во руската Дума, но потоа информацијата беше демантирана. Карпов наводно се повредил откако паднал во близина на државната Дума во Москва.

Карпов бил најден во бесвесна состојба, и во алкохолизирана состојба е примен во болница, на интензивна нега. Карпов доживеал повреди на главата и неколку фрактури. Тој беше дел од Руската Дума.

„Мојот татко е повреден откако падна, и се наоѓа во вештачка кома“, рече ќерката на Анатолиј. 

Поради тежината на повредите се наоѓа на Одделението за реанимација на Институтот „Склифосовски“ во Москва.

71-годишниот Карпов е некогашен шампион на светот, и беше првак од 1975 до 1985 година. Уште три титули освои во организација на ФИДЕ 1993, 1996 и 1998 година.

Се вчитува...