Велес во еуфорија, Борец го слави влезот во елитата (ВИДЕО)

Траеше колку едно полнолетство и Борец навистина созреа за да се врати во елитата. Со моќен спонзор зад проектот, Кочо Анѓушев, и со одличен стратег на кормилото, Горазд Михајлов, но пред се поради заслуга на фудбалерите, Борец од следната сезона ќе се врати во Првата фудбалска лига.

Фановите пејат „Борец во Прва лига“, а колективот замина на заслужена прослава откако денеска во Велес ја совлада Брегалница со 2-0.

Се вчитува...