Борец успеа да ја прескокне првата пречка во обидот по заобиколен пат сепак да стигне до пласман во Првата лига. На денешниот дуел против Гостивар, велешани славеа со 5-4 на пенали и се пласираа во баражот, каде на 3 јуни ќе се пресметаат со Победа, на 3 јуни на стадионот „Младост“ во Струмица.
Тимот на Пане Блажевски се покажа како поприсебен во решавачките моменти, неговите фудбалери знаеја поумешно да ги изведат ударите од белата точка, и заслужено се најдоа на еден чекор до елитата. Сега пред нив стои исправена Победа…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА