Македонскиот кошаркарски стратег Никола Велев, ја продолжува својата интернационална кариера со нов професионален предизвик, овој пат во романскиот шампионат.
Во новата сезона, Велев кој е и помошен тренер во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија, ќе биде дел од стручниот штаб на Рапид Букурешт, каде, исто така, ќе ја извршува функцијата помошен тренер.
36-годишниот Велев зад себе има богато меѓународно искуство, а во изминатите две сезони, од 2024 до 2026 година, ја извршуваше функцијата главен тренер на романскиот прволигаш ЦСУ Трговиште.
Шест сезони, од 2018 до 2024 година, Велев беше помошен тренер во МЗТ Скопје Аеродром, со кого освои две шампионски титули и три трофеи во Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
