Велингер најдобар на стартот на Четири скокалници

Победник на првата станица на новогодишната турнеја четири скокалници е Германецот Андреас Велингер.

На спектакуларното натпреварување што се одржа во Оберстдорф, Андреас Велингер славеше со скокови од 139,5 и 128,5 метри кои беа доволни за вкупно 309,3 поени.

Второто место го зазеде Јапонецот Риоју Кобајаши, кој имаше три бода помалку, а имаше скокови од 134,5 и 129 метри.

На третото место беше Австриецот Стефан Крафт, кој имаше скокови од 132,5 и 125 метри што беа доволни за 298,9 поени. Во недела, на 31. декември, квалификации ќе се одржат на втората станица во Гармиш Партен Кирхен, каде натпреварувањето е закажано за првиот ден од 2024 година.

Се вчитува...