Велинов ќе избира меѓу Бугарија и Грција за продолжување на кариерата

Стојанче Велинов на крајот од сезона ја заврши соработката со Работнички, сега според најавите насочувајќи се кон интернационална кариера.

За Велинов се заинтересирани неколку клубови од македонската Прва лига, но првичната интенција е стартување интернационална кариера со оглед на интересот од неколку екипи од Бугарија, Грција и од Романија.

Минатата сезона Велинов беше првото засилување за тимот на Работнички за настапите во квалификациите од Лигата на Европа кога тимот го предводеше Виктор Треневски, но по крајот на сезоната не се договори за продолжување на соработката со „романтичарите“. Во својата кариера Велинов претходно има настапувано и за екипите на Осогово, Брегалница Штип, Силекс, Тетекс и Ренова.

Се вчитува...