Велинов потпишува за Академија Пандев

Довчерашниот фудбалер на Трепча, Стојанче Велинов по завршувањето на соработката со косовскиот прволигаш својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Академија Пандев.

Како што дознаваме, Велинов веќе е во Струмица каде се финализирани преговорите со „пандевци“ па по докомплетирањето на неопходната документација од Косово се очекува и официјално да биде промовиран во новиот клуб. Сепак, поради финишот на полусезоната и соодветната регулатива право за настап во новиот клуб ќе има најверојатно дури за пролетниот дел од шампионатот.

29-годишниот крилен офанзивец имаше понуда за продолжување на кариерата и во второлигашот Струга Трим Лум, но сепак се одлучи за почеток на идна соработка со Академија Пандев.

Велинов претходно во својата кариера има настапи и за Брегалница, Тетекс, Силекс, Ренова и Работнички во домашното првенство.

Се вчитува...