Велинов потпишува за Најран во Саудиска Арабија

Довчерашниот фудбалер на Работнички, Стојанче Велинов својата кариера ќе ја продолжи во екипата на Најран во Саудиска Арабија.

28-годишниот Велинов на 1. јули заминува за Саудиска Арабија каде треба да ги мине лекарските тестови и официјално да стави потпис на договор со Најран кој во следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига откако изминатава сезона не успеа да го задржи прволигашкиот статус.

Тренер на Најран во минатото беше и Ѓоко Хаџиевски во сезоната 2011/2012 и 2013/2014.

Велинов, покрај за Работнички, претходно во својата кариера има настапи и за Брегалница, Тетекс, Силекс и Ренова во македонскиот шампионат, а ова за него ќе биде прв интернационален предизвик.

Се вчитува...