Велинов се договори за двегодишна соработка со Академија Пандев

Академија Пандев го договори првото засилување за пролетниот дел од сезоната. Поранешниот крилен офанзивец на Работнички, Ренова, Брегалница, Силекс и косовска Трепча, Стојанче Велинов и дефинитивно ќе биде ново име во редовите на „пандевци“ за продолжението од шампионатот.

29-годишниот Велинов и Академија Пандев се договорија за двегодишна соработка која треба да биде официјализирана со стартот на зимскиот преоден рок на почетокот од следната година. Како што е познато, двете страни ги почнаа меѓусебните преговори уште пред крајот на есенскиот дел кога Велинов и се приклучи на тренинзите на тимот.

Според најавите, Велинов треба да се јави на првиот собир на Академија Пандев на 4. јануари. Струмичкиот прволигаш потоа централните подготовки за пролетниот дел од сезоната ќе ги реализира во Анталија, Турција.

Се вчитува...