Велкоски блиску до двојна круна во БиХ: Сараево го ‘разби’ Широки на Гоце Седлоски

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски со своето Сараево е повеќе од блиску до двојната круна во Босна и Херцеговина.

Откако веќе се на прагот на шампионската титула во првенството, Сараево денеска убедливо славеше со 3-0 против Широки Брег на чија клупа е поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски во првиот натпревар од финалето на Купот.

Само чудо треба да се случи на реваншот за седум дена, па Сараево да не успее да ја освои титулата во Купот на БиХ.

Се вчитува...