Велкоски и Велија во финалето на Купот на Албанија, ќе играат против Ѓурѓевиќ и Адили

Четворица македонски интернационалци ќе се борат за трофејот во Купот на Албанија.

Вчера Виктор Велкоски и Башким Велија со екипата на Лачи обезбеди финале, откако ја елиминираа Теута со вкупни 3-2. По вчерашните 1-1, двајцата фудбалери се пласираа во големото финале. Двајцата одиграа 90 минути на вчерашниот меч.

Во финалето Велкоски и Велија ќе ги „вкрстат“ копјата со Влазнија, која дури по изведувањето на пеналите го елиминираше тимот на Партизани Тирана. За Влазнија настапуваат Фахрудин Ѓурѓевиќ и Мевљан Адили, кои беа прецизини и во пенал серијата, додека гостите промашија еден удар од 11 метри, со што му овозможија на домашниот тим да слави финале на Купот.

Финалето е предвидено за 31. мај.

Се вчитува...