Велкоски исфрлен од првиот тим на Сараево поради недисциплина!

Крсте Велкоски е отстранет од првиот тим на Сараево поради недисциплина и кршење на правилникот на клубот, соопштија од ФК Сараево.

Фудбалерот непристијно се однесувал на полувремето на натрпеварот против Борац Бања Лука, па така менаџментот на клубот одлучил да го исфрли од сениорскиот тим.

„Менаџментот на Сараево информира дека поради кршење на клупската дисциплина, е почната постапка против Крсте Велкоски. Фудбалерот во текот на оваа сезона е опоменат поради недисциплина и рушење на атмосферата во екипата, а клубот после натпреварот со Борац официјално почна дисциплинска постапка.

Велкоски непристијно реагираше и искажа непочитување кон тренерот и соиграчите на полувремето на натпреварот со Бања Лука, откако сакаше да го остави фудбалерот во соблекувалната. Тој гест не е доличен за било кој играч на Сараево.

Напаѓачот во моментов е надвор од тренажен процес од првиот тим, и има обврска индивидуално да тренира“, се вели во соопштението на Сараево.

Велкоски беше и екс репрезентативец, кој после ЕП минатата година се одлучи да се повлече од репрезентативниот дрес.

Се вчитува...