Велкоски од Вардар се сели во Работнички

Фудбалерот на Вардар, Виктор Велкоски е пред потпис со Работнички. Играчот од одбраната кој сезонава токму од редовите на „романтичарите“ стигна во Вардар, во јануарскиот преоден рок ќе се врати во таборот на тимот од Дебар маало.

Покрај за Вардар и Работнички, во кариерата 25-годишникот играше и за Пелистер, Победа, Скопје, a надвор од Македонија беше дел и од грчкиот Егинаикос, тим во кој ја мина минатата сезона.

Поради финансиските проблеми тренерот Александар Васоски официјално го напушти кормилото на најтрофејниот клуб, а во следниот период се очекуваат и голем број заминувањa од таборот на „црвено-црните“.

Се вчитува...