Велкоски промаши пенал во 95. минута за победа на Сараево… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски промаши пенал во петтата минута од судиското продолжение во ремито без голови на неговото Сараево против Широки брег на чија клупа е поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски.

Шутот на Велкоски од 11 метри го одбрани противничкиот голман Лука Билобрк…

 

Сараево по 26 кола и натаму е на првото место со 57 бода, четири повеќе од второпласираниот Зрински.

Се вчитува...