Велкоски со емотивна објава по разделбата со Сараево: Замислував збогување со полно Кошево… (ВИДЕО)

Крсте Велкоски денеска официјално стави точка на соработката со Сараево, тимот со кој беше нераскинлива единка цели седум години.

Клубот официјално му се заблагодари на македонскиот напаѓач на досегашната соработка, а Велкоски веднаш потоа со емотивна порака преку социјалните мрежи се збогуваше со клубот, навивачите и сите од семејството на Сараево.

„Тешко е да се најдат вистинските зборови да ве поздравам, толку години и толку емоции се вплетени. Се замислувам поинаку, збогување со полно Кошево… Никогаш нема да заборавам се што доживеавме заедно, секој натпревар, секој гол. Минаа седум години, 235 натпревари, 64 гола, 44 асистенции и шест трофеи кои никој нема да ни ги одземе. Ви благодарам што ме поддржувавте од првиот ден, ‘Хорде Зла’, Исток, Запад, сите мои соиграчи, тренери, медицинскиот тим, економат, вработените во клубот. Носењето на овој важен дрес заедно со капитенската лента е гордоста на мојот живот. Заминувам со крената глава, знајќи дека сум засекога дел од вас“ – напиша во својата објава Велкоски.

Се вчитува...